Откриено колку патници биле во комбето со жената која има Корона и каде се симнале

0

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва од 20:30 часот имаше ново излагање пред медиумите по повод првиот заразен во Македониај од Корона вирус.

„Пациентката која е прв потврден случај за заразена од Корона во Македонија е со лесна форма, има зафатено само едно белодробно крило, не е потребно некое интензивно лекување. Во комбето со кое патувале имало 9 лица од кои 8 патници и еден шофер. Истите се симнале на две места во Скопје и на три во Струмица. Екипа од епидемиолози веќе се на терен и прават анкета со нив, со кого комуницирале денеска. Сите вечерва ќе останат во домашен притвор под полициски надзор“, ијзави Филипче и додаде:

„Очигледно пациентката на границата не одговорила искрено и не пријавила, ако се случело тоа уште од таму ќе била згрижена. Уште еднаш ќе апелирам да се дават искрени информаци и да не се сокриваат.

Педесет годишна жена од Скопје е првата заболена со корона вирус во земјава. Рано утринава околу три по полноќ преку граничниот премин Табановце влегла во државата. Доаѓала од Италија со комбе. Хоспитализирана е на инфективната клиника во Скопје.

„Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста“, рече Филипче.

„Лекувањето е вариабилно, ризикот е поголем кај постари луѓе со претходни болести. Тоа што знаеме со сигурност е дека е опасен кај постари луѓе. Никаде во светот нема конкретна терапија, се лечи со антибјотици. Просечно се лечи од 10 до 14 дена. Сооглед на тоа што е 50 години и нема претходна состојба со белите дробови и има исклучително добри шанси да се излечи.“

Претходна статијаПетар Трајчевски од Скопје: Како студент во Милано, решив да го споделам мојот став околу Корона
Следна статијаВлатко Васиљ: Брашно купете, 50 килограми и од тие интегралните грицки колку што можете да носите