На денешното рочиште за случајот “Рекет” се прзентираат видео снимки, кои со камера ги снимил бизнисменот Орце Камчев.
На првата снимка се слушаа разговор меѓу Камчев, Јовановски и Ана Камчева.
Во неа се слуша како Боки 13 во детали ги објаснува чекорите како ќе постапи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со случајот „Империја“ во кој беше осомничен и Орце Камчев.
Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.
По разговорот со реакција се јави Боки 13.
-Снимката не треба да биде земена како доказ, бидејќи водам приватен разговор и снимката е стекната незаконски. Исто така разговорот е нејасен и јас користам неточна правна терминиологија, реагираше Боки 13.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски додаде дека на снимката недостасувал датум и време.
Обвинителката Вилма Русковска појасни дека овој разговор не е снимен со посебни истражни мерки, за да има точен датум и време.
Во втората снимка се слуша гласот На Камчев кој бара одговори од Боки 13 за тоа како му бил планот, за да и тој да можел да си испланира.
-Сакам сите да бидат среќни и задоволни. Како ти е планот, кажи ми толу и толку, во фвруари, март… за да можам и јас да си планирам.
Јовановски зборува за три опции.
– Овие три лица со кои што јас договарам, преговарам и ќе се договорам или нема да се договорам. Доколку продолжи СЈО да го работи предметот првата ставка ќе биде укинување на мерката куќен притвор по основи кои што ќе ви ги кажам и датум на којшто ќе ви го кажам. Истиот момент или недела дена или 10 дена подоцна со некакви договори со странски компании што он ги има ќе биде вратен пасошот. Следниот чекор е или истиот момент, што не верувам лично, или подоцна ќе биде вратен пасошот – му вели Боки 13 на Камчев.
Целата сторија проследете ја на Фокус.мк