Нино од Скопје со 20 години ја започнал македонска приказна како од Силиконската долина

0

Импресивни, мотивираат, поместуваат од тло. Приказната на македонската компанија Кодвел (CodeWell) навистина е претприемачка приказна од Силиконската долина, со тоа што не се случува во Сан Франциско туку во Скопје.

Така вели и Нино Карас, еден од основачите на компанијата. Самиот е млад, амбициозен, инспиративен. Има идеи и ги спроведува. Како малкумина во земјава.

А се почнало во 2011 година кога Нино имал само 20 години. Ја основал компанијата Кодвел со негов колега од Институтот за информатика на Природноматематичкиот факултет. Во тоа време и двајцата немале бизнис искуство, ниту пак почетна инвестиција – само два лаптопи и визија за светски продукт.

Пoчетокот впрочем е во време кога се појавија првите Андроид телефони во Македонија – па како што вели Нино Карас од забава и интерес сакајќи да креираат нешто ново направиле апликација која овозможувала offline навигација за јавниот градски превоз во Скопје.

Апликацијата решавала секојдневен проблем за голем број на луѓе и станала многу користена за кратко време. И тогаш – вели Карас, со Марко сфатиле дека имаат заедничка визија, па ја основале и Кодвел.

„Кога почнувавме во нашата земја не постоеше стартап екосистем, немаше извори за финансирање на стартап компании, бизнис акцелератори, ниту пак успешни или неуспешни стартап компании од чие искуство можевме да учиме.

Поради тоа, на нашиот пат да креираме светски продукт моравме да се соочиме со многу предизвици и да бидеме први во многу работи. На почетокот немавме никакво бизнис знаење, па моравме да бидеме упорни, да импровизираме и правиме многу работи притоа учејќи како се прават.

Од учење за основите на бизнисот и финансиите, вработување и менаџирање со луѓе, развој на бизнисот, добивање инвестиции и продажба, до предизвици од типот на стекнување големи интернационални клиенти кога си млада компанија од мала држава како нашата, вели Карас.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Претходна статијаБорјан Ефтимов: Високото образование во Македонија се распаѓа
Следна статијаПознато кој во Македонија зема просечна плата од 1100 евра