Не стигнал далеку – на чудна локација пронајден затвореникот што побегна од Идризово

0

Албанскиот државјанин А.Д., кој успеал ноќеска да се ослободи од ќелијата каде ја издржувал доживотната затворска казна, утринава е најден на таванот на затворот „Идризово“.

Дезинформација е веста на повеќето медиуми дека затвореник осуден на доживотна казна затвор избегал од „Идризово“, вели во изјава за „Локално“ директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

„Веќе пуштивме демант, се работи за дезинформација. При проверка го немало, но најден е на поткровје. Однесен е на проверки како што наведува процедурата и потоа е вратен во затворот“, ни изјави Станковиќ.

Како што претходно се пишуваше, затвореник од Албанија, осуден на доживотна казна затвор изутрината избега од Казнено поправниот дом во Идризово.

Според одговорното лице во затворот, осудениот А.Д. бил во својата ќелија при проверката на 07.02.2020г. во 19,00ч. а на 08.02.2020г. во 07,00ч. забележале дека избегал.

Бегството е извршено со сечење на заштитна решетка од келијата која се наоѓала на третиот кат.

Претходна статијаЕфто Пупиновски: Дино Мерлин зеде 100 илјади, ама јас ја имам ,,Лихнида кајче веслаше”
Следна статијаМухамед Зекири проговори за бракот со Бисера: Во неа видов нешто посебно, поразлично