Не се само патниците од комбето: Венко Филипче откри колку пациенти се во изолација

Венко Филипче, Министерот за здравство пред малку на прес-конференија имаше ново излагање по повод Корона вирусот и првиот пацинт во Македонија.

„Првата пациентка со Корона вирус има лесна клиничка слика и добро се чувства. Во овој момент на Клиниката за инфективни болести, освен за оној за кој се чекаат резултати, нема ниту еден сомнителен дру случај. За час и половина ќе има резултати“, истакан Филипче и додаде:

„Веќе денес почнуваме со постапка за дополнување на резерви за заштнитни маски, мантили и ракавици и друг медицински материјал“.

Првиот човек на македонското здравство се осврна и на лицата кои се во домашна изолација.

„Дванаесет лице се во домашна изолација во Скопје и Струмица, претежно се од исти семејства. Лица од црвениот крст им носат дотур на храна и вода. Имаме добра комуникација, добро ја разбираат потребата од изолација. Меѓу нив има 2 деца, ниту едно од изолиранит лица нема симтоми. Ако се појават тогаш ќе бидат спроведени веднаш во болница. Девет патници се од комбето, вклучувајќи ја пациентката која што е заразена и уште 4 други луѓе кои имале контакт со овие 8 патници“, заврши Венко Филипче.

Денеска тестирањата кај две лица дадоа негативни резултати, кај еден шофер што е дојден од северна Италија и една граѓанка дојдена од Рим. Се чекаат резултатите од тестот на уште едно лице од Рим, изјави министерот за здравство Венко Филипче.