Најчевска: Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи

0

Статус на професорката Мирјана Најчевска:

Слушам вмровската министерка за труд и социјална политика изјавила дека ќе си ја плати казната и нема да ја промени таблата со називот на министерството.

Слушам, некој професор од правниот факултет им соопштил на своите колеги дека ректорот на УКИМ ќе си плати 1000 евра казна, а новоформираниот синдикат ќе си постои.

Овие се глупи од раѓање или научиле да бидат глупи или мислат дека сите околу нив се глупи?

Ако ти е изречена прекршочна казна тоа значи дека си го прекршил законот и дека веќе не треба да го прекршуваш. Тоа не значи дека е озаконета последицата од прекршувањето што си го направил.

Со плаќањето на прекршочната казна не се обезбедува легалитет туку се става до знаење дека тоа што си го направил е спротивно на законите.

Во правото тоа значи дека секогаш кога е тоа можно треба да се адресираат последиците од прекршувањето.

Во случајот на вмровската министерка за труд и социјална политика тоа значи дека мора да ја врати таблата со официјалниот натпис, а за новоформираниот синдикат тоа значи дека има законска пречка да биде регистриран бидејк е прекршена процедурата на неговото формирање.

И на вмровската министерка за труд и социјална политика и на ректорот на УКИМ доколку продолжат со прекршувањето на законот може да им се изрече забрана за вршење професија, дејност или должност.

Дај бре престанете да си играте мајтап со правото.

Претходна статијаДо пензија ќе може да се дојде и со плаќање на 1400 евра
Следна статијаУтре го слави својот 42. роденден Македонец кој се роди во авион и го доби името по компанијата