Moжност да ја искажете вашата љубов: Најубавите пораки за Денот на вљубените

0

Денот на вљубените за многумина значи куп веќиња, вечери, срценца, плишани мечињ, но понекогаш само една убава порака може да ви го направи денот посебен.

Од „Заводот за заљубени“ ве известуваме дека во овој момент некому неизмерно недостасувате. Затоа ве молиме да вратите на овој број. Благодариме.

Погледни го часовникот и се ќе ти биде јасно, никој никому не праќа пораки волку касно. Тоа го прават само оние заљубените, па размисли малку.

Кога сакаш некого мораш и да страдаш, кога ќе изгубиш љубов сакаш да ја вратиш, затоа чувај го она што го сакаш со сето срце и не дозволувај да го изгубиш.

Штом ноќта се спушти на прозорот твој низ небесната површина ти праќам бакнеж мој, нека стигне таму каде што не можам јас и нека ти каже те сакам најмила!

Понекогаш зборовите се премногу сиромашни за да го кажат сето она што се крие во срцето. Но во моето има две мали зборчиња. Те сакам!

Посакувам да сум гостин во твоите мисли, посакувам да сум вино на твоите усни, посакувам да сум бисер во твоите очи и засекогаш да останам во прегратките твои.

Нездраво, несфатливо, тотално незамисливо, невозможно, ненормално, лудо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ!

Понекогаш посакувам да заврне дожд за да те потсети на летните дождливи ноќи, понекогаш посакувам да пропече сонце за да те потсети на летните прошетки, понекогаш посакувам ветер да задува за да те донесе до мене и да ти кажам колку те сакам.

Вљубените од целиот свет на денешниот Св. Валентин традиционално на најразлични начини ја искажуваат и докажуват својата љубов.

Цвеќиња, картички и чоколадни бомбони, овие три работи важат за вообичаени подароци за Празникот на вљубените , но на овој 14 февруари се полага и на креативноста така што нема граници за тоа како ќе се изрази љубовта. А ерата на социјалните мрежи нуди нови креативни начини да се изрази љубовта.

На вљубените , се чини, на располагање им стои бесконечен избор на симболи „имоџи“ за искажување на најубавото човеково чувство.

Претходна статијаСе огласи НАСА – ситуацијата во сабота може да биде сериозна
Следна статијаСе гради „Снежен град“ во Македонија – познато каде и од кога ќе може да се посети