Макдонец се пишал дека е Албанец за да дојде до работа која носи плата 611 евра

0

Од 60 вработени, само еден Албанец. Ваква е застапеноста во Управата за заштита на културното наследство. За да се подобри овој биланс, управата распиша оглас за шеф на еден од секторите и планираше да се вработи Албанец.

Но, тоа било само формалност затоа што на оваа функција веќе пет години работи Билјана Јовановска. Таа самата се декларирала како Албанка иако не е тоа, ниту пак, знае албански.

За плата од 611 евра, вработувањето на Албанец беше предвидено согласно годишниот план за 2019 година, вели директорот на установата, Ацо Костов. Тој првично се осврна на писмото објавено на социјалните мрежи тврдејќи дека е лажно бидејќи го нема неговиот потпис.

Во моментот кога му го покажавме конкурсот број 464/2019 отворен од Агенцијата за администрација директорот го смени ставот, велејќи дека проблемот е во методот на програмата Балансер.

Вакви вработувања на други етнички заедници во име на Албанците неодамна имаше и во Катастарот. 23 лица седнаа во столчињата декларирајќи се како Албанци. За полесно да се вработата, четворица Македонци се декларираа како Албанци и за време на конкурсот за 10 пожарникари во скопската бригада.

Од претходно, познато е дека четворица етнички Македонци се пишале како Албанци, а двајца како припадници на други националности – само за да бидат примени во скопската пожарна, објави Канал5.

Дилемата е како овие кандидати успеале да го „прелажат“ филтерот за националност, со оглед на тоа дека во изводите од матична книга на родени со која се аплицира јасно стои графа за етничка припадност.

За скопскиот градоначалник Шилегов, кој ја носи одлуката за прием на пожарникарите, нема спорни елементи. Во телефонски разговор за Канал 5 рече дека во прашање бил личниот избор на кандидатите и дека не можел да ги спречи да се декларираат онака како што тие сакаат.

Претходна статија(ВИДЕО) Снимката од Атиџе што стана вирална и ги придоби симпатиите на публиката
Следна статијаТаткото ја оставил слепата ќерка на пруга, но потоа се случило чудо