Ќерко, ти си најважната личност во твојот живот и никогаш немој да трпиш непочитување! – Те сака, мама

0

Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас грешев кога бев на твои години. Дали некогаш ми прости за онаа лоша роденденска торта која се обидов да ти ја направам за твојот осми роденден?

Или што ти подарив маченца незнаејќи дека си алергична на мачкини влакна Навистина ми е жал поради тоа, но успеав да соберам некои информации за кои сметам дека можат да ти бидат од помош. Секако би сакала кога тоа некој би можел да го направи и за мене, на времето…

Се надевам дека после ова нема да ме гледаш само како побелена жена во своите 60-ти години, туку како она што навистина сум: Мајка која сака нејзината ќерка да не мора да поминува низ одредени тешки моменти (низ кои јас морав да поминам). Еве за кои работи би сакала некој да можеше да ме предупреди, кога бев на твои години.

1.ТИ СИ НАЈВАЖАНАТА ЛИЧНОСТ ВО СВОЈОТ ЖИВОТ

Да, го реков тоа и навистина го мислам. Ако се самопочитуваш, ќе бидеш подобра личност, посреќна и ќе можеш да ги следиш своите соништа. Истовремено тоа ќе ти дава сила да ги опсипуваш со љубов оние кои те опкружуваат.

Кај лошиот вид на самољубие, како што е нарцисоидноста, луѓето немаат намера да им пружат љубов на другите. Долго време верував дека моето “помагање” на другите, всушност е мојата карта кон рајот. Навистина верував во тоа. Се обидував колку што можам повеќе да бидат подобра пријателка.

Се грижев да не заборавам ничиј роденден. Бев рамо за плачење. Верував, дека ако така се однесувам, тоа ќе биде мојата награда што им помагам на луѓето и дека тие ќе ми се најдат во неволја. Но, не бев во право.

Ова не значи дека не треба да им помагаш на луѓето или дека другите луѓе нема да бидат покрај тебе кога тоа ќе ти биде најпотребно. Туку, дека треба да се фокусираш на она што најпрво го сакаш. Не можеш вистински да ги сакаш другите, ако прво не се сакаш себеси. Ми беше потребно толку долго време за ова да го сфатам и не сакам истото и на тебе да ти се случи.

2.НИКОГАШ НЕ ПРИФАќАЈ НЕПОЧИТ

Без разлика дали станува збор за маж, пријателка или некој сосем трет – никогаш не дозволувај некој да те омаловажува. Секогаш заземи се за себе. Доколку тоа не го направиш, постои голема шанса да бидеш повредена и да ти биде жал што не си постапила поинаку.

Треба да бидеш храбра и силна. Не, не значи дека треба секогаш да ја “истеруваш” правдата, но не дозволувај никој да ти наметнува свое мислење и да манипулара со тебе. Знам, доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но имај на ум дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Постојат и малку помалку добри луѓе кои на некој начин ќе сакаат емоционално да те повредат, било тоа свесно или несвесно.

Предавството е грозна работа, но запамти ги моите зборови: Секогаш треба да најдеш сила и храброст во своето срце за да простиш. Не заборавај, бидејќи на тој начин повторно ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми на зборот.

3.ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО ТЕ САКА НАЈМНОГУ ВО СВЕТ

Мислам дека тоа, во твоите години, многу лесно се заборава. На крајот од краиштата, “поминувањето време со семејството” и не е идеално на твоја возраст и може да ти се чини како најдосадната работа.

Ама, вистината е таа, дека љубовта на твоето семејство е единственото нешто на кое можеш да се потпреш 100%. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои ништо на овој свет поради кое твоето семејство би те напуштило. Знам, за некои работи можеби е тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека мене можеш секогаш да ми се обратиш, во било кое време. Ако не можам да ти помогнам, можам барем да те сослушам. Ќе ти биде полесно.

Биди трпелива со себеси и со другите. Ќе има многу успони и падови, но ако го имаш ова на ум, сето ова што ти го напишав, полесно ќе го пронајдеш сопствениот мир, сила и самодоверба. Те сака, мама.

Текст и фото: И.П.

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаЕдна ноќ мојот 90 годишен дедо ми се втурна во соба, ми рече да викнам Брза помош и веднаш падна
Следна статијаСобранието се распушти – избори ќе има на 12 април