За неа домашните медиуми знаат да напишат дека е миленичка на пензионерите, таргет група која редовно ја следи Милена Антовска-Станковска на ТВ екраните во утринските часови.
Освен на телевизија, Милена со текот на времето стана популарна и како влијателен лик на социјалната мрежа Инстаграм, односно како инфлуенсерка која често рекламира одредени производи за припадничките на понежниот пол.
Бидејќи медиумите од различен формат се нејзино секојдневие, таа е доста активна, особено на Инстаграм каде често покажува и детали од приватноста или пак она што се случува зад камерите во студиото.
Овој пат, Милена имаше гостинка по име Светлана која ја воодушеви со изненадувањето, односно подарокот кој го направи специјално за неа, а станува збор за потрет од коса.
-Поуникатен подарок не сум добила, вели Милена во објавата, покажувајќи го оригиналното уметничко дело од коса.
Популарноста секогаш носи одредени привилегии, а Милена од многуте веруваме дека овој подарок ќе го чува засекогаш и ќе се сеќава на дамата која одвои време со своите вешти раце да го изработи нејзиниот лик од коса.