(ФОТО) Срцепарателна сцена: Печалбар се поздрави со својата сопруга и дете пред да се качи во автобусот

0

Фотографијата од младиот брачен пар што се разделува на автобуската станица во Тузла за кратко време ги запали социјалните мрежи и предизвика коментари полни со сочувство од целиот регион.

Како што вели Ирдин Беќировиќ, кој ја објави оваа фотографија на Фејсбук, еден млад човек решил својата иднина да ја бара во некоја друга земја.

Но проблемот е што тој заминува сам, и ја остава својата сопруга и нивното дете кое не е ни свесно дека својот татко нема да го види долго време.

„Во сцената што траеше неколку мигови, многу моменти што НЕ се положени. Паѓа на тест она дека машкото е силно, бидејќи на крај и тоа пушта солзи. Како воопшто да е важно кој е машко, кога ќе оставаш нешто што е живо, на кој му е важно што си машко.

И државата паѓа на тестот, онаа држава што треба сите да не прегрне за да бидеме заедно, онаа држава која треба да каже дека на сите наши синови тука им е местото. Ништо не е толку болно како разделба“ пишува момчето што ја објави оваа фотографија.

Претходна статијаСе загубил багажот, доцни летот – еве за што сè можете да барате надомест во пари од авиокомпанијата
Следна статијаВладата со уникатна можност до сите невработени во Македонија: Нуди 150 евра месечно