(ФОТО) Иако има само 13 години, малиот Струмичанец Зоран Христов прави вистински ремек дела

0

Името на Зоран Христов од Дабиље за пошироката јавност не е толку познато, но добро ќе биде уште сега да го запометите сооглед на тоа што во иднина со сигурност ќе се гордееме.

Има само 13 години, а неговите дела веќе изгледаат маестрално! Зоран е ученик во осмо одделение и учи во „Св.Кирил и Методиј“-Дабиле.

Со цртање почнал исе занимава од 2015 година, а притоа вели дека цртањето за него претставува секојдневие.

Оние кои го познаваат велат дека тој е прекрасно и културно момче, знае да ги почитува постарите-токму она што им недостасува на денешните генерации.

Оваа сторија за малото момче Зоран со неспорен капацитет за големи нешта ја пренесува „Струмицаденес“. На момчето може само да му посакаме многу успех на секое поле во животот.

 

Претходна статијаСашо Тасевски: Оскарот немаше да не направи подобри луѓе, ниту државава ќе станеше медена
Следна статијаПристигна официјална информација: Откриено во каква состојба се тројцата Македонци на крузерот кај Јапонија