Бугарија почна да го олеснува џебот на Македонци со бугарски пасоши и тоа со висока сума

0

Двајца Македонци со бугарско државјанство казнети по 1000 лева, познато поради што. Македонските граѓани Г.И. (50) и М.М. (54) се казнети од Окружниот суд во Ќустендил поради давање фалсификувани документи.

Имено, тие сакале да го излажат Министерството за внатрешни работи и дале лажни податоци во декларацијата за да им биде издадена возачка дозвола.

И двајцата имаат бугарски пасош и се казнети со по 1000 лева (околу 500 евра), јави Бугарската телеграфска агенција (БТА), пренесува Експрес.мк.

Тие писмено декларирале дека живеат во Бугарија иако и двајцата живеат во Македонија, со цел да добијат важечка возачка дозвола со која ќе возат да работат како шофери во земјите од Европската унија.

Инаку, и покрај тоа што пред извесен период започна истрага за издавањето на државјанство на граѓани кои не се Бугари, се уште многу Македонци поднесуваат документи за пасош.

Според извори блиски до бугарските медиуми, Македонците се „привилегирани“ при добивање на бугарски пасош, а своевремено биле ангажирани и преку 100 „медијатори“ кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред бугарските институции за да се извадат бараните документи.

Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра по пасош.

Бројките рушат рекорди, посебно во источниот дел од Македонија, а според неофицијални податоци тие се движат од 50.000 до 150.000 Македонци кои извадиле или имаат поднесено барање за бугарски пасош.

Само во Делчево повеќе од 70 % од жителите имаат двојно државјанство, а таму се наоѓаат и најголемиот број посредници преку кои можете да извадите бугарски документи.

Овој тренд не запира, па така и оваа година се повеќе Македонци поднесуваат барање во соседна Бугарија за да ги извадат потребните „европски“ документи.

Претходна статијаПосле една година од тоа што се случи – тажна исповед на шоферот на Шабан Шаулиќ
Следна статијаЗа да не ја крши, на татка си му направил дрвена чинија, ама тоа од глава му се вратило