Боки 13 конечно се реши да открие се: Пандорината кутија официјално ја отварам од овој момент

0

На крајот на денешното рочиште за случајот „Рекет”, Бојан Јовановски најави дека ќе ја отвори Пандорината кутија, за која зборуваше уште пред да биде уапсен, односно рече дека клучот е во негови раце.

Тој уште еднаш од судот побара јавноста да не биде исклучена кога ќе се слушаат снимките кои тајно ги снимил Зоран Милевски Кичеец. Обвинителството пак претходно најави исклучување на јавноста, бидејќи во дел од нив имало и приватни разговори.

Пандорината кутија официјално ја отварам од овој момент. Покрај се барам јавноста да не биде исклучена за да се види вистинитоста на мојот однос со Зоран Милевски и манипулицијата на Милевски спрема мене. Ова е испод секое човечко достоинство, бидејќи досега не видовме докази, само сензација, рече Јовановски.

Тој тогаш се префрли на друга тема, па почна да зборува за својата здравствена состојба, но судијката го прекина, и рече дека не му дозволува во доказна постапка да зборува за своето здравје, бидејќи 17 лекари рекле дека нема рак.

Боки и возврати: „Ве молам да не ми се дерете”.

Потоа Боки 13 се врати на коментирањето на снимките, па рече дека од овој доказ ќе се види зошто Кичеец бил пуштен во куќен притвор.

Снимките да бидат јавно презентирани побара и Катица Јанева, која рече дека од нив јасно ќе се види кој барал рекет и кој нудел поткуп.

На денешното рочиште за Рекет се преслушуваат снимките од телефонот на Орце Камчев. На една од снимките се слуша гласот на Камчев кој вели дека треба Боки да му каже ова толку, тоа толку и на крајот му вели: „Не ме боли к**от Боки што ќе правиш ти“.

Камчев: Кажи ти ова е толку, она волку. Кажи вака и вака треба. Јас и ти разговараме, не навлагам, ниту ме интересира. Ти кажи ми што треба и сите да бидат среќни и задоволни. Јас сум директен.

Боки: Директен сум и јас. А, што ќе правам, тоа си е мое.

Камчев: „Не ме боли к**от што ќе правиш ти Боки, кажи ова е икс, ова ипсилон, тоа е сумата.

Во друг разговор Боки зборува како Апелација ќе одбие жалба и да бидат подготвени и дека на Врховен суд Јанева нема да употреби правни лекови. Во разговорите Камчев на Боки 13 му се обраќа со шефе, а овој му зборува како во него стекнал голема доверба и поради тоа му кажувал работи само на Камчев.

На следна снимка Орце и Боки 13 зборуваат за нешто што треба да се даде, а го нарекуваат цигара. Во разговорот се слуша како се зборува и за враќање на пасош, а Камчев употребува вулгарни зборови додека разговара со Боки 13.

На секоја снимка која се пушта во судница реагира одбраната и на Јовановски и Јанева. Според нив, не може на вакви разговори за кои нема ниту време, ниту датум, ниту пак се знае автентичноста, да се заснова судска пресуда.

Претходна статијаЕ ова се мерки за трето дете – понудата на Виктор Орбан за мажачка и деца
Следна статијаМакедонците во Америка и Канада ќе го пречекаат најголемиот патриот меѓу музичарите