Однесувања кои покажуваат дека сеуште не ја преболел поранешната

0

ЗА НЕГО ТАА Е СОВРШЕНА, ШТО И ДА НАПРАВИЛА

Без разлика што таа го оставила, измамила, разочарала, посрамотила или ја изгубила неговата доверба, тој се’ уште смета дека таа е совршена. Во тој случај никогаш нема да и’ бидете дораснати па затоа не се ни обидувајте да се споредувате со неа.

СЕ’ УШТЕ ЗА НЕА ИМА СИЛНИ ЕМОЦИИ („Не ја вади од уста“)

Ако често спомнува колку неговата бивша е напорна, претерано доминантна, иритантна, тоа значи дека се’ уште се присутни емоции од негова страна кога станува збор за неа.

ОДБЕГНУВА БИЛО КАКОВ РАЗГОВОР ЗА НЕА

Ако тој навистина ја преболел бившата, ќе ви признае колку тоа за него било болно и дека тоа било голема грешка. Меѓутоа, ако тој ништо не зборува како воопшто да не постоела врска, тоа значи дека тој се’ уште не расчистил со своите емоции.

ТИЕ ДВАЈЦАТА И НАТАМУ СЕ НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

Во денешно време е нормално да се остане во контакт со бившата, но да станеш најдобар пријател веднаш после раскинот е чудно. Со оглед на тоа дека се толку многу поврзани, многу лесно може да се случи некој од нив да посака повторно да бидат заедно.

Претходна статијаУтре се вапсаат првите три јајца – каква моќ има првото јајце
Следна статијаБобан од Прилеп: На брод се заработуваат многу пари, но се работи и по 14 часа дневно