Најнови детали од МВР: Познато кој прв ја затекнал Беличанец и пријавил

0

Безживотното тело на актерката Билјана Беличанец го затекнал нејзиниот сопруг и хорор глетката веднаш ја пријавил во полиција.

Трагичниот настан се случил во стан на улица „Истарска“ во Скопје, а смртта кај познатата актерка настапила како последица на бесење, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош и по извршениот увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на Беличанец е предадено за обдукција во Судска медицина.

Имаше неполни 46 години. Која беше Билјана Беличанец- Алексиќ?

Билјана Беличанец – Алексиќ е поранешен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа беше и театарска, телевизиска и филмска актерка.

Родена е 25 јули 1973 година во Скопје. Сопруга е и мајка на две деца. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец.

Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година. Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

На локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа беше избрана за нов градоначалник на општина Кисела Вода.

Претходна статијаНе мора да чувате пари под тепих – направете ги овие работи дома и тие ќе пристигнуваат од сите страни
Следна статијаНе одев во градинка, дома ме чуваше баба – таа за сè имаше време, да направи јадење, да го спреми домот, да ги чува внуците