Судијката Добрила Кацарска синоќа гостуваше на 1Тв каде рече дека Мицкоски може да спие мирно зошто кај неа немало нарачани пресуди, дека одлуката за Дурловски и е најтешка ослободителна пресуда донесена некогаш, и дека и честитаат по улица за одлуката за 27. април.
Таа спомена и дека Орце камчев на кој му се суди во Империја и е пријател.
Таа рече дека нејзиниот татко и таткото од Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина„ која е во сопственост од Орце Камчев.
-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години, вели таа.
При синоќешното гостување на 1ТВ, судијката Добрила Кацарска говореше за пресудите за настаните од Собрание и рече дека многу луѓе и честитаат за донесената одлука, како и дека одлуката за Дурловски и е најтешка ослободителна пресуда во кариерата, а се осврна и на Алими.
Таа рече дека Абдуљфета Алими го бранел Зијадин Села, но на снимките се гледа дека исто така сторил и кривично дело.
– Неспорен факт е дека Алими го спасил Села, но исто така на снимките се гледа како тој ги дава клучевите од вратата. Со тоа прави кривично дело, а спасувањето на Села е после направеното кривично дело – изјави Кацарска