Возачот на автобусот кој заврши во провалија го напуштил својот дом во Гостивар

0

Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај Автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа.

Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.

Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.

Меѓу нив е и Бејтула Нухиу кој задоби телесни повреди во сообраќајката. Вели дека кога возилото почнале да преминува на другата лента забележал дека возачот се борел да го контролира автобусот. Сакал да му помогне, но се се случило за миг.

Очевидци на сообраќајката пред нашата камера кажаа дека возачот нагло свртел лево и со голема брзина удрил во банкините. Не забележале дека биле употребувани кочници. Во сообраќајката загинааа 15 лица a триесетина беа повредени.

Во Гостивар реализирана е контрола на техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 12 возила, информираат од МВР, пренесува ТВ21.

По извршениот технички преглед, кај 3 од возилата откриена е неисправност на уредите за запирање ( сопирачки ), веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се платни налози и барања за поведување на прекршочна постапка.

Ваквите контролни активности ќе продолжат и наредните денови, со цел навреме да се откријат, санкционираат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила.

Претходна статијаЗорица Брунцлик не може да се помири со загубата – Неутешна е после смртта на својот кум
Следна статијаФОТО: Музичарот кој зад себе остави два сина и ќерка не требало да биде на настап – Шабан го молел да дојде