Уште еден херој од Ласкарци – Момче со скршена рака, спасувале повредени патници кај Ласкарци

0

Нехат Амети и Рами Пајазити се двајца од хероите кои завчера по несреќата кај Карпалак беа првите кои им помогнаа на повредените патници од превртениот автобус на Дурмо турс.

Момче си ја скршило раката кога притрчало да им помогне на повредените во страшната несреќа што се случи кај Лескарци. И покрај повредата, тој со скршена рака, заедно со неговиот татко, им помагал на повредените и ги вадел од автобусот. За оваа храбро момче на социјалната мрежа фејсбук раскажа Моника Наумовска, чиј сопруг бил меѓу повредените.

Ви го пренесуваме статусот на Наумовска во целост:

-Еве сум тука во чекалната пред одделот во болницата „8 Септември“ каде што се сместени повpедените од стpаотната сообракјајна несpеќа. Мојот сопруг е повреден и тука сум за да се најдам доколку сум потребна. За среќа помина со не премногу тешки повpеди. Велат дека засега неговата состојба е стабилна. Но, тоа не е причината што го пишувам ова.

Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца – мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повpедениот. Таткото ми рече „Синот се опеpира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повpедените. Не можеше да претпостави во мpакот дека е високо 4-5 метра. Ја скpши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настpаданите заедно со мене“.

Им покажав слика од маж ми и рече „Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа“.

Благодарна сум му на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и хеpои Нехат Амети и Рами Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата.

Благодарна сум им и на сите што помогнале не штедејќи се себеси.

Ви благодарам и на Вас мои драги сограѓани, роднини, колеги, другари, пријатели, што се јавувате, цело време ме поддржувате, храбрите, нудите помош и во ниту еден момент не ме оставивте сама во овие тешки моменти.

Искрено сочувство до семејствата на сите настpадани и повpедени.

Колку сме ние луѓето мали, беззначајни и немоќни..

Претходна статијаОд нив посебно чувајте се, тие се најопасните знаци во Зодијакот
Следна статијаФОТО Нов срам за студентите – И во „Кузман Јосифоски – Питу“ ќе се „удават“ во сопственото ѓубре