Сам го извадив син ми од автобусот. Ми се јави на мобилен, само рече„не знам што се случи, имавме несреќа“. Веднаш тргнав од Гостивар кон Карпалак и го извадив син ми од автобус.
Вака раскажува татко на едно од повредените момчиња во трагедијата вечерва, за 24инфо.мк.
За разлика од него, многу гостиварци кои дојода на местото на несреќата не ги најдоа своите најблиски.
„Саше, кај си Саше“, низ плач го бараше својот син една жена, која потоа се спушти по стрмниот дел кон стариот пат, пренесе 24инфо.мк.
Тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кога автобус излетал и се превртел од кај село Ласкарци. Владата на вечерашната вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за денови на жалост поради загинатите, соопшти вечерва премиерот Зоран Заев. Тој рече дека бројот на загинати се зголемил на 14-мина.
Телата на настраданите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините за несреќата продолжува и денеска.
На социјалните мрежи постојано се објавуваат понуди за помош на семсјтсвата на анстраданите патници во автобуската сообраќајна несреќа кај Карпалак.
Сочувствувајќи со болката на настраданите, загинати и повредени, голем број луѓе ги ставаат своите телефони и адреси и нудат сместување во близина на градската болница, топли оброци, но и дарување крв.
Директорот на Градска болница, Христијан Костов, ги објави имињата на повредените, а семејствата остануваат таму додека не ги чујат и последните вести за своите најблиски.