Потресно сведоштво на очевидец: Сечевме делови од автобусот – со наши коли носевме луѓе во болница

0

Автобус полн со патници се преврте на автопат Тетово-Скопје кај селото Ласкарци во близина на Карпалак денеска околу 17 часот.

Очевидците велат дека глетката била стравотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население им пружало помош на настраданите.

Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци.

„Прво населението дојде да помогне. деца немаше, сите беа возрасни. Сечевме делови автобусот за да спасиме луѓе. Слушавме плач беше многу страшна слика. 25 луѓе пренесовме со приватни автомобили до болница.

Се плашевме да не експлодира автобусот зошто мирисаше на нафта, вели во изјава за Телма претседателот на месната заедница на селото лекарц“.

Meштаните кои живеат во близина на автопатот Скопје – Тетово со приватни возила превезувале повредени, од превртениот автобус.

Тие велат дека не виделе деца во автобусот. Според нив се работело за возрасни кои имале повреди. Раскажаа дека предмети имало расфрлано насекаде од патниците. Заггинаа 13 луѓе, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Меѓу повредените има и една трудница.

Јавен обвинител од скопското Обвинителство е на местото на незгодата и врши увид, соопштија од Обвинителството. Оттаму потврдуваат дека автобусот е сопственост на фирмата „Дурмо турс“.

Од Обвинителството соопштија дека автобусот ќе се извлекува утре, а од возачот на автобусот кој е хоспитализиран ќе се зема крв и урина за анализа.

Речиси два часа Филипче заедно со вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи беше во ГОБ „8 Септември “и да ги посети повредените.

Директорот на болницата Христијан Костов вечерва на роднините на повредените им ги соопшти имињата на сите згрижени пациенти. Жалење за несреќата изрази и градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари според кој повеќето повредени, како што рече, се гостиварци

Претходна статијаМетеоролозите со ново предупредување: Доаѓа нов снежен бран – нагла промена во Македонија
Следна статијаЧудо ја спасило: 28 годишна трудница е добро по несреќата кај Карпалак