Поранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Ние им ја плаќаме струјата на жителите на Арачиново

0

Поранешен вработен во ЕВН сподели статус на ФБ, во кој јасно кажува дека добар дел од Скопје никогаш не плаќа струја.

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%.

Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки. При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари.

ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци“, објавата ба фејзбук може да ја видите овде.

Инаку на неколку пати жителите на Арачиново се собраа пред влезот на селото за да го искажат своето незадоволство во форма на протест против ЕВН. Тие не се согласуваат со високите сметки аз електрична енергија и велат дека ЕВН на паушален начин им ги праќа сметките и им наплаќа повеќе од тоа што трошат.

„Најмалата сметка што пристигнала до моето семејство изнесува 10 илјади денари. Секогаш пристигнува некаде 11 илјади, 12 илјади, 13 илјади , 15 илјади. Станува збор за домаќинства а не за деловни простории. Ако основната потрошувачката изнесува 8 илјади денари тогаш зошто да платиме 10 илјади. Зошто да платиме 18% ДДВ. Ако ЕВН им плаќа ДДВ на ЕЛЕМ. Зошто и потрошувачите на фондот да платат ДДВ за ЕВН?“, изјави Бујар Јаји.

„Сметките се драконски, надувани. Ние не протестираме за да не го платиме тоа што сме го потрошиле. Тоа што сум го потрошил ќе го платам, но зошто да платам за нешто што не сум потрошил? Каков долг имаме ние?“, изјави Хевзи Феарати.

„Ние ќе продолжиме со протести. Ги замолуваме жителите на Арачиново да ни се придружат. Ова не се издржува повеќе. Како што видовте 7 илјади денари зема плата а енергична енергија плаќа 10 илјади денари, како може да се живее вака ? До кога ќе продолжиме вака?“, изјави Абдула Реџепи.

Од ЕВН во врска со овој проблем велат дека цената на електрична енергија не е под нивна надлежност и дека трошењето на електрична енергија се мери на прецизен начин кај сите потрошувачи и секој од нив добива сметка во износ на потрошувачката.

„Ги потсетуваме граѓаните дека сметките за кои се жалат му припаѓаат на периодот на поларните студени денови кога потрошувачката на електричната енергија беше максимална. Инаку дел од овие граѓани се греат и осветлуваат објекти со голема квадратура и употребуваат електронски апарати кои трошат електрична енергија. Има и потрошувачи кои поседуваат објекти во кои произведуваат и продаваат продукти“, соопштија од ЕВН Македонија.

Жителите на Арачиново велат дека ако во наредните денови ЕВН не покаже заинтересираност за да го реши нивниот проблем тие ќе ја блокираат обиколницата. Против ЕВН и високите сметки на оваа компанија, претходно протестираа и во Скопје-север и во Тетово.

Претходна статијаЖално: „Мамо сакам да умрам, не можам повеќе“ – Роденденска желба на петгодишно дете
Следна статијаКарлеуша не можеше да издржи – Прв пат јавно призна како и е по скандалот