Најтажен ден за Македонија: Мајка лелекала за помош, нозете на син ѝ биле заробени под автобусот

0

Македонија го живее најтажниот ден во историјата на несреќните случаи.

14 настрадаа во несреќата која долго ќе пече во градите на родителите и оние кои ги изгубија блиските тој кобен 13 февруари.

Возачот е пуштен на домашно лекување.

Многу тажни сведоштва пристигнуваат од сите страни.

Еден сведок на социјалната мрежа Твитер, го раскажа неговото сведоштво.

Само тој со свои раце извадил безжувотни тела од автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте, при што загинаа 14 лица, а неколкумина се уште се борат за живот.

За мештаните од селото Ласкарце кои први притрчаа да помогнат само пофални зборови.

Покажаа вистинска хуманост и солидарност и докажаа дека човек се познава во такви моменти.

„Дојде мајката на еден од повредените на местото на несреќата, синот и мафта со рака а нозете му се под автобусот а таа си плаче ко мало дете и се тресе, ја гушкав како да беше мајка ми обидувајќи да ја смирам, но во такви моменти човек не може да се смири.“ – раскажува па друг човек .

Филипче и Заев дојдоа да ги посетат повредените патници.

Тие кажаа дека три лица сега се во тешка критична состојба.

Претходна статијаСведоштво на еден од преживеаните патници – откри што се случувало ВИДЕО
Следна статијаТатко очајно бара помош: Син му бил во автобусот, а сега го нема никаде