Јас имам син од првиот брак, а старателството го делам со својот поранешен сопруг. Моето момче исто така има ќерка од првиот брак, но не ја гледа
На социјалните мрежи често пати може да се најдат поставени прашања на разни теми на кои се бараат одговори. Едно шокантно прашање ги „запали” корисниците, а се најде и во „Индипендент”.
Имено, една жена размислува да го остави својот син бидејќи тоа од неа го барал идниот сопруг, а таа се грижи како таквата одлука ќе ја поднесат нејзините болни родители.
-Драга Венди, момчето ме запроси. Јас имам син од првиот брак, а старателството го делам со својот поранешен сопруг. Моето момче исто така има ќерка од првиот брак, но не ја гледа. Веднаш ми рече дека нема да го прифати мојот син и дека треба да го оставам кога ќе се венчаме, ја започнала непознатата жена својата исповед.
Таа додава дека одлучила да го остави детето, но дека има проблеми во врска со тоа.
-Ќе го оставам кога ќе се венчаме, но мојот вереник сака тоа да го направам веднаш. Меѓутоа, не знам како тоа да им го кажам на своите родители кои многу го сакаат својот внук.
Двајцата се болни, татко ми има рак, а мајка ми е депресивна. Се плашам дека ваквата одлука може да ја влоши состојбата, се загрижила госпоѓата барајќи совет од извесна Венди.
Венди накусо и одговорила.
-Ќе го оставиш синот поради монстум кој не ја гледа сопствената ќерка? Толку ли си очајна за маж, па ќе се согласиш на се? Побарај помош од психолог и психијатар и засрами се, и напишала Венди.