Познатата Тв презентерка Татјана Стојановска проговори за својот љубовен живот. Таа во ТВ естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.
„ Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис. Живееме како брачни партнери заедно со Михаил.
Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.
Татјана, која е поранешна сопруга на фолк-музичарот Благоја Грујовски, зборуваше и за својата 25 годишна телевизиска кариера, и за синот Матеј.