Македонскиот пејач се простува од другарот кој го загуби животот во автобуската несреќа: “Душа ми скина”

0

 

Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар.

Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.

Пејачот Перо Пандилоски, кој по потекло е од Гостивар, на социјалните мрежи низ солзи објави за загубата на другарот.

Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.

Меѓу повредените лица од вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак е и портпаролката на ЕВН, Вјоса Селими, која се здобила со фрактура на рамото и се наоѓа во добра состојба.

Премерот, Зоран Заев, по денешната посета на повредените, рече дека поголемиот број од повредените се помлади.

-Ги видов сите повредени кои се надвор од животна опасност. Се работи за млади луѓе. Зборував со момче кое има 19 години и со едно девојче. Зборував и со портпаролката на ЕВН, ве поздрави вас колегите – рече Заев.

Од Градската општа болница „8 Септември“ испартија апел до роднините на повредените да бидат без грижи и дека нивните најмили се во сигурни раце. Од таму додаваат дека имало потешкотии при идентификација на смртните случаи.

Претходна статијаТатко очајно бара помош: Син му бил во автобусот, а сега го нема никаде
Следна статијаОгромна трагедија – ова е 19-годишното момче кое настрада во автобусот кај Карпалак ФОТО