Во некои делови од Велика Британија дошло до застој во сообраќајот, поради снег и мраз кои предизвикаа вистински колапс во сообраќајот, додека пистата на градскиот аеродром била затворена на краток временски период.
Во текот на вчерашниот ден, прусмерени се неколку летови, но денес се повторно функционира нормално.
Полицијата во Кент забележала неколку сообраќајни незгоди, додека пак Британските метеоролози предупредуваат граѓаните да не излегуваат од своите домови без потреба, и доколу излезат да внимаваат на мразот.
Во делови од Хрватска вклучен е црвен метеоаларм, а силното невреме стигнало и до Истра.
Обилните врнежи кои повеќе од 24 часа врнеле на делот од ријечкото подрачје, довеле до пораст на водостоите.
Истра е единственото подрачје во Европа во кое на силна стапи предупредување за најголем степен од временски неприлики.
Државниот хидрометеоролошки завод издал посебно соопштение во кое се наведува дека во делови од Јадранот се очекуваат и повеќе од 100 литри дожд по метар квадратен.