Има пропусти: Техничкиот преглед на Дурмо Турс добил забрана за работа

0

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за трагичната несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 лица.

Од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рекоа дека има пропуст во дозволата за работа на техничкиот преглед кој исто така е сопственост на Дурмо Турс.

„Станицата за технички преглед авто мото здружение Гостивар добила забрана за вршење на технички прегед од страна на Министерството за внатрешни работи, но по само неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Автобусите кои сообраќат на релацијата Гостивар – Скопје и обратно се технички исправни, тврди сопственикот на превозната компанија.. Дурмиш Бељули вели дека освен задолжителниот, возилата редовно се подложни и на вонреден технички преглед.. Се сомнева дека трагедијата е предизвикана од 50 годишниот возач на автобусот, Мане Трифуновски, за кој Бељули вели дека најверојатно во текот на возењето изгубил свест..

Според сопственикот на превозната компанија немало судир на интереси оти тој поседува и станица за технички преглед каде и што се прават контролите на 40-те автобуси.. Објаснува дека токму нивните возила се подложни на строг преглед за утврдување на техничката исправност..

Според податоците на СВР Тетово лани од близу 300 контролирани автобуси и комби возила на подрачјето на општините Гостивар и Тетово, кај 56 е утврдено дека не ги исполнуваат техничките услови за сообраќај.. 42 имале намалена способност за кочење а четири воопшто не биле регистрирани..

Од опозициската партија бараат одговори и одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходна статијаСамо еден хороскопски знак ќе се израдува утре на пари од „небо“
Следна статијаПрви зборови на сопругата на Шаулиќ по несреќата: Како да имав чувство дека нешто ќе се случи