Премногу мач ни и таж ни слики се уште се живи пред очите на Седат, звуците, лицат … Тpагичната несpеќа се уште го прати. Вели дека ги следел извештаите и знае точно што и како се случило со патниците. Барем со оние на кои што им помогнал и кои што успеал да ги cпаси. Тагува за тpагичната судбина на дел од патниците и сочувствува со болkата на семејствата.
Тој за себе вели дека не се смета за никаков херој, туку за човек со меко срце, оти не може да ги сокрие солзите, секој пат кога ќе се сети на несреќата. Премногу мачни и тажни слики се уште се живи пред очите на Седат, звуците, лицат … Трагичната несреќа се уште го прати.
Вели дека ги следел извештаите и знае точно што и како се случило со патниците. Барем со оние на кои што им помогнал и кои што успеал да ги спаси. Тагува за трагичната судбина на дел од патниците и сочувствува со болката на семејствата.
Сепак, Седат не успеал да дознае што се случи со жената на која и помогнал.
Беше заглавена под автобусот веднаш до човекот на кого му помогнав. Ми зборуваше на македонски и ме молеше да ѝ помогнам. Успеав да ѝ ја скинам јакната за да ѝ се олесни дишењето, ѝ дадов малку вода и ѝ го измив лицето.
Потоа во мешаницата не знам што се случи со оваа жена. Навистина би сакал да знам дека е добро и дека безбедно стигнала дома. Можеби затоа што не можев повеќе да и помогнам, постојано ми е во мислите, вели Седат.
Немајќи друг начин да дознае што се случило со жената, Седат моли за информација, посебно го моли министерот Филипче преку своите служби да се заложи за оваа информација.
Како што ги гледав на лице место, како медицинските екипи се бореа за сечиј живот, реагираа на секој најслаб повик и движење, па и министерот заедно со нив тука, верувам дека за сите се заложија подеднакво. А дека и министерот беше таму на лице место, затоа верувам дека може да ми помогне да дознаам за жената која е и дали е во ред, моли Седат.