Груевски: Ме разочараа многумина што ги сметав за блиски пријатели

0

Во своето интервју на ТВ Сител Груевски објасни дека слободно може да се движи низ Унгарија и сега засега живее со пријатели кои му понудиле помош.

Кажа дека со луѓе од власта немал никаков контакт,но многу имал пријатели од партијата, и рече дека со нив се слушал и гледал.

Никола Груевски неколку месеци се наоѓа во Унгарија каде што и доби азил откако во Македонија беше осуден на две години затвор за случајот „Тенк”. Тој изјави дека побегнал од Македонија бидејќи од многу сигурни извори дознал дека му се спрема ликвидација во затворот.

Поранешниот премиер Никола Груевски во интервју овој пат за порталот Инфомакс, открива дека два ипол месеци пред да побегне од земјата ги повлекол сите пари од неговите сметкии во банките во Македонија зошто се спремал за затворска казна.

– Парите ги извадив за да преживувам зошто во затвор не ти поминуваат картички, вели Груевски.

Груевски тврди дека никој ни од власта ни од неговите не му помогнал туку дека само добил совет од судија кој не сака да го именува кој преку заеднички пријател му пренел дека не му е јасно зошто седи и не бега кога е јасно дека, според него, немал направено никаква злоупотреба или криминал, но под директива на власта и Заев ке биде осуден.

Разочаран бил од многу кои ги сметал за пријатели и тврди дека воопшто не се мешал во изборот на неговиот наследник.

Претходна статијаИсповед на Ирена од Берово: Јас сум мајка на две деца, сопруга, домаќинка но и љубовница
Следна статијаСамохрана мајка и две малолетни ќеркички ќе останат на улица, се плашат од глад и смрзнување ВИДЕО