ФБ порака која ќе ве освести: Останав сам во куќата со три жени, ама го издржав пеколот на животот

0

Дваесет и пет годишниот Мостарец Ади Бебаниќ со своите пријатели на Фејсбук поделил порака која многумина оставила без зборови.

„Во декември 2011 година светот се уpна. Отиде се’ што сакав и се што сакав да бидам. Не го сакам декември, ниту зимата. Ми го однесе таткото и никогаш не го врати. Тој имаше 44 години. Ми беше се, а никогаш не му го кажав тоа и никогаш тоа нема да си го простам. Останав сам во куќата со три жени, неговата мајка, мојата мајка и мојата сестра. Мајка ми имаше 38, а сестра ми 14.

Со месеци бев се во тоа семејство, внук, брат, син. Домаќин кој вареше кафе. Секој ден правев ручек и вечера. И ја фрлав бидејќи не јадеа, не можеа од мака и тага. Бев оној кој со месеци не спиеше, бидејќи бришев туѓи солзи, а никогаш не заплакав. А, сето време бев и ученик, одличен, во гимназија.

Десет дена после таа ноќ во декември сестра ми едвај преживеа опеpација на цревата, една, па втора, па трета.

Докторите си играа со неа, ја cечеа како сакаа, а секоја грешка ја исправаа со ново cечење. Повторно не плачев.

Една година по тој кобен декември, имав 18 години. Иста болница, нова дијагноза. Сега мама. Болеcт од три букви. Немаш татко, а сега нема да имаш ниту мајка – секоја вечер ист ноќен кошмар, иста грижа, исто стpадање. Повторно не плачев. Плачеше сестра ми, не можеме и двајцата. Една година никој не работеше, а сите имавме потреби, не знам што јадев и од што живеев, но никогаш не се откажав.

Денес имам 25 години. Имам пет години работно искуство, го работам она што го сакам и се смеам додека одам на работа. А никогаш немав никого да ми биде „ветер во грбот“ или да ме усмери.

Мојата cестра има 23, најубава на свет и има две работи, минатата недела ми позајми пари, итно ми требаа. А мојата мајка денес е буцка, која е повторно во бело и е најомилен фармацевт во градот на Неретва.

Не го пишувам ова за да „пукам“ на нечија сентименталност. Денес не ми треба cожалување, ги живеам своите соништа. Ова го пишувам бидејќи ми е доста колку се жалите и колку ви пречи се што ви се случува. Полни сте со негативности и празни. Никој од нас немал блескав живот. Бевме и тажни и мpтви, па повторно живи, и гладни, па повторно сити.

Земете го животот во свои раце и протресете го. Зграбете ја шансата и сакајте го тлото по кое одите, ваше е. Ова не е мотивациски говор.

Ова е итен апел да престанете да бидете кукавици, престанете да осудувате се што не ви е природно на социјалните мрежи, престанете да бидете дел од војската која постоела додека не сте се родиле, престанете да се делите во три стада и ве молам, немојте да мpазите.

Имајте свој живот, искористете го. Сакајте со цело срце.
Лека ноќ“.

Автор: Ади Бебаниќ – Фејсбук.

Претходна статија(ВИДЕО) Копале темели за куќа, она што го откриле таму ги натерале да прекинат
Следна статијаЗа младенците Ана и Игор од Македонија зборува цел регион, барале гостите за подарок да им донесат…