Членството на СДСМ од Канада побара пратеничката Мира Стојчевска да си поднесе оставка по скандалот со вработување на блиски

0

Од СДСМ велат дека партизацијата на институциите била одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека вработувањата се законски и направени во согласност со потребите на секоја од државните институции.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред , дека невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во вистинска насока.“

Мира Стојчевска, пратеничката на СДСМ, има одлична прилика да ѝ направи услуга на својата партија… Сè што треба да направи е да си поднесе оставка од пратеничката функција…

На тој начин ќе помогне за луѓето да веруваат дека СДСМ не е исто со ДПМНЕ…

Да објаснам… Јас и понатаму тврдам дека 99,99% од Македонците би сакале да му помогнат на свој близок, или би сакале да искористат некаква привилегија доколку имаат ‘свој’ човек на позиција со моќ…

Но мора да се води сметка и да не се претерува…

Да си рекордер во добивање надоместок за патни трошоци, да ‘сместиш’ повеќе лица од своето семејство на работни места со високи плати, да обезбедиш субвенции за својот сопруг и што уште не испрочитав, па згора на тоа со глупи изјави да се обидуваш да манипулираш со јавноста, сепак е ПРЕМНОГУ!

Јас сум СДСМ!

Јас не сум Мира Стојчевска!

Скандалите со државни вработувања на членови на семејствата на функционери од владејачките партии не запреа ниту вчера. Повторно во центарот на вниманието е пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, која, по вработувањето на синот и на братот во ЕЛЕМ, беше „обвинета“ за нов случај на непотизам, затоа што нејзиниот сопруг е назначен во в.д. командир на Шумската полиција во Делчево.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство демантираат дека станува збор за унапредување. Објаснуваат дека Ило Стојчевски, кој две децении е вработен како заменик – командир во Шумската полициска станица во Делчево, без никаков финансиски надомест времено ќе ја извршува задачата на претходниот командир Дарко Тасевски, кој си дал оставка.

„Бидејќи нема друго лице вработено во ШПС Делчево со високо образование – Шумарски факултет, вработениот Ило Стојчевски е овластен да ја води станицата, бидејќи законски за застапување и поднесување на пријави во судовите, вработените треба да имаат високо образование“, нагласуваат од надлежното министерство.

Претходна статијаЗдравите бегаа од мене како да сум заразна: Вака силната Даниела ја победи тешката болест
Следна статијаМаж со голи раце успеа да победи планински лав ВИДЕО