Боки 13: Ќе обезбедиме сместување во Скопје на семејствата на настраданите

0

Познатиот водител и менаџер на 1ТВ, Бојан Јовановски – Боки 13, вели дека компанијата БМЈ Медиа Груп ќе плати за сместување во Скопје на роднините на настраданите во тешката сообраќајка вчера на патот Скопје-Тетово, а ќе им помогне на семејствата со еднократна помош.

„Во свое лично име и во име на 1ТВ сакам да ја соопштам следнава одлука. За семејствата на сите повредени лица кои настрадаа во вчерашната трагична сообраќајна несреќа и кои што се сега на лекување во Скопје нашата компанија ќе им обезбеди сместување во Скопје додека трае лекувањето на настраданите и парична еднократна помош за лекување на настраданите.

Гореспоменатите семејства ќе бидат веднаш контактирани од страна на менаџментот на телевизијата и веднаш ќе им биде овозможена наведената помош и поддршка во овие тешки моменти.

Посакувам брзо опоравување на сите настрадани лица и уште еднаш го изразувам своето длабоко сочувство кон семејствата на загинатите лица“, напиша тој.

Претходна статијаПознат идентитетот на сите жртви – меѓу нив и млада мајка на две деца
Следна статијаНајмладиот повреден во тешката несреќа има 15 години – двајца пациенти се во критична состојба