Економска криза го зафати регионот – Драгана дала празно плико на свадба, еве како ја казниле младенците

0

Со денови во Србија и регионот се зборува за приказните за празните пликоа на свадба, кои за жал се се почеста појава денес. Токму поради оваа приказна се јави 27-годишната Драгана С. од Србија и ја раскажа својата приказна.

Таа еднаш предала празен коверт на свадба.

– Кога запишав факултет во Белград не ми остануваа пари. Секогаш сметките, родендените, подароците ги планирав месеци однапред, а тогаш колега од факултет реши да се жени. Сакав да се извлечам, да не одам, но настојуваше. И сестра ми запиша факултет тогаш, беше мизерно. Не можев да им плачам на моите, а и ми беше срам да се позајмувам, вели Драгана.

Девојката додава дека сепак се решила да позајми пари од блиска другарка со која биле заедно на свадба, па таа носела плико, а другарката требала да понесе пари. Кога седнале во такси и тргнале кон хотелот, таа и рекла дека ги заборавила парите дома.

Со оглед на тоа дека пликото било потпишано, од тогаш вели пријателите не и се јавиле, иако сакала подоцна да им објасни и купи вистински подарок.

Исто така и Полска ја зафати економска криза и со тоа донесе нов тренд. Младите парови кои прават венчавка се почесто добиваат празни коверти на подарок наместо пари од роднини и пријатели.

Еден млад брачен пар од 30 коверти во кои требало да има пари од роднини и пријатели повикани на свадба, добиле осум празни, а во деветтото имало обична хартија исечена во големина на банкнота, за да на прв поглед не се види дека е измама.

Друг брачен пар направил свадба за 120 гости, а во половина од ковертите намало пари.

– Криза е. Многу луѓе немаат пари за таков подарок, каков што би требало да биде свадбениот, а се срамат за тоа да зборуваат затоа што досега имале пари, го објасни новиот феномен за денешното издание на „Жечпосполита“ професорот Мариуш Јенџејко.

Претходна статијаВреди да ги имате овие три женски хороскопски знаци кои носат благослов и среќа
Следна статијаМесец февруари ќе им ја врати старата љубов на два хороскопски знаци