Поради лошите услови на патот, возило на итната медицинска помош од Прилеп, денеска околу 16 часот враќајќи се од Скопје излетало на Плетвар.
Според првичните информации од директорката на Здравствениот дом од Прилеп, Оливера Аџиоска, до несреќата дошло поради лошите услови на патот.
Возилото се излизгало, притоа превртувајќи се два пати и завршило на кровот, објави infokompas.com.mk.
Медиумите на албански јазик пренесуваат видеа на кои се гледа дека патниот правец Ресен- Битола не е исчистен од снегот.
Од она што може да се види од видеата, поради неисчистениот снег кај превојот Ѓавото, има застој на тешките товарни возила.
Превојот Ѓавото на патниот правец Битола- Ресен важи за особено критичен дел, а неисчистениот снег дополнително ги отежнува условите на движење на моторните возила.