Вонреднa временска прогноза – промена очекувајте уште од вечерва

Во текот на претстојната ноќ облачноста само накратко ќе се намали, сето ова ќе услови температурите позначително да опаднат па така до утре наутро истите ќе се спуштат во интервалот од -8 до 2 степени додека на повисоките и на планинските места истите ќе се спуштат до околу па и под -10 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради ниските температури на воздухот по патиштата низ државава ќе има услови и за појава на голомразица па токму поради ваквата ситуација на пешаците ги предупредуваме да бидат внимателни како и каде се движат, исто така крајна претпазливост им препорачуваме и на возачите и тоа особено доколку се движат низ планинските превои.

Веќе од вторник па натаму под влијание на циклонскиот систем кој го најавивме врнежите ќе зачестат и ќе бидат поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките места и на планините снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка, повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои пониски места.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во вторник, особено во западните и јужните делови. По котлините ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд на пониските места, а на планините ќе врне снег. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а веќе од вторник, особено во западните и јужните делови, се очекуваат повеќе врнежи. По котлините ќе има појава на магла.

Исто така од вторник ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.