Повеќето луѓе не се ни свесни за фактот дека позата во која се спие може значително да влијае на организмот, особено на варењето.
Првиот доказ за ова тврдење потекнува уште од античкиот период кога монасите практикувале да лежат после секој оброк, како би го олесниле варењето.
Ова го потврдува и ајурведската медицина, најстарата ориентална медицина, која советува да се спие на страна, поточна на левата страна.
Сонот е неопходност. Секој го знае тоа. Не само што е потребен за основниот опстанок, туку и начинот на кој спиете кажува многу за вашето ментално здравје.
Доколку сакате да го подобрите вашиот сон, не мора да трошите богатство на некој посебен душек или перница. Подобрувањето на сонот може да се оствари и со едноставно променување на вашата положба додека спиете. Но, која е најдобрата положба? Според една теорија, најдобриот начин е да спиете на вашата лева страна.
Еве и неколку причини поради кои, според ајурведа, треба да спиете на левата страна на телото.
Спиењето на левата страна на телото: – ја олеснува лимфната дренажа; – му олеснува на срцето да ја праќа крвта надолу; – подобро ги отстранува штетните материи; – придонесува за здраво функционирање на слезината; – поттикнува добро варење; – потпомага на дотекот на крвта во срцето; – придонесува за послободен протек на жолчката
– Нека ви стане навика да спиете на левата страна! Можете да го поставите јастуци на десната страна по должината на целото тело, со цел да го спречите вртењето на десната страна.
– Ако спиете на десната страна, пробајте да се одвикнете и да спиете на левата страна.
– Уште еден совет, оставете ја уклучена ламбата на дестана страна покрај кеветот, тоа со сигурност ќе ве натера да се свртите на левата страна.
Според ајурведата, одморот после оброкот е задолжителен и тоа, се разбира, на левата страна. Додека луѓето сметаат дека после оброкот треба да спијат околу еден час, во ајурведата тоа значи дремка од десет минути, што е доволно за да се свари јадењето.
Желудникот и панкреасот, кои произведуваат ензими за варење, се сместени на левата страна. Па, според тоа, тогаш тие се во нормална положба и подобро си ја вршат работата. Така храната го следи природниот тек и продолжува низ желудникот, а доколку би лежеле на десната страна, покрај сета работа, тие би морале да се спротивставуваат и на гравитацијата.
Според ова, препорачливо е после оброкот да се одморите десет минути на вашата лева страна, па остатокот од денот ќе се чувствувате свежо, а не поспано и уморно.