Утре е Крстовден, направете го ова за да бидете здрави цела година

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло.

Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Зимскиот Крстовден никогаш не го менува датумот и се слави еден ден пред Богојавление. Верниците овој голем празник го слават во пост, со одење во црква и палење свеќа, се прекрстуваат и ја читаат „Оче наш“.

Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во православните храмови на Крстовден и на Богојавление се осветува вода.

Светата вода од Крстовден се пие со молитва. На децата им се дава, со верба дека лечи и штити. Мајките на овој празник, со молитва на челото на децата ќе им направат крст од осветено масло, а водата од Крстовден ќе ја чуваат и по потреба ќе им ја даваат на децата

Крстовден е ден кога мора да се опуштите и да се подготвите за Богојавление. Тоа е време кога треба да престанете да посветувате внимание на неважни мисли иозборувања. Свештениците велат:

-„Не ставајте ја премногу при срце грижата за цел свет, уживајте во својот мир и живејте со Бог“.

Од Божиќ до Богојавление верниците се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление се поздравуваат со „Бог се јави!”

Луѓето кои се родени на овој ден се верува дека на својот грб ја носат сенката на Чесниот крст и дека затоа пред Господ се посебно одговорни за своите постапки.