УХМР издаде предупредување – на овие места ќе врне најмногу снег

0

Македонија утре ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни.

Локално, како што информираат од УХМР, се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.

На повеќе места ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри.

Почнувајќи уште од оваа ноќ, територијата на нашата држава интензивни ќе подпадне под влијание на моќниот циклон Марко и ќе услови поинтензивни врнежи претежно од снег додека само на некои од пониските места, особено оние на југоистокот ќе има врнежи од дожд и снег, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Интензивни врнежи ќе има и утре (петок) па така на некои пониски места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на повисоките и планинските места истата ќе се зголеми понекаде дури и за над 50 сантиметри.

И утре (петок) понекаде на пониските места, особено оние од југоистокот ќе има врнежи од дожд и снег а локално ќе има услови и за појава на грмежи.

Сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер со што ќе услови појава на снежни наноси.

Максималните температури ќе бележат тенденција на опаѓање и утре ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 5 степени додека на крајниот југоисток истите ќе се искачат до околу 10 степени.

Врнежите ќе продолжат и во сабота но полека ќе се намалуваат и престануваат.

За време на овој удар на Марко локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, на југ и на југоисток дури и над 50 л/м2 па така во ваква ситуација можно е зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава, возачите доколку поминуваат покрај водотеција да бидат претпазливи.

Претходна статијаОвие 4 хороскопски знаци ќе доживеат најмногу промени во 2019 година
Следна статијаПрво интервју на Карлеуша после скандалот: „Ме заболи душата!“ ВИДЕО