Силен циклон доаѓа кон Македонија – подгответе се за пресврт со времето

0

Циклонска активност со центар во јужните делови на Европа ќе услови од утре и во текот на неделава да има повремени врнежи од дожд и снег на пониските места и само снег на планините.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.

Врнежи од дожд и снег ќе има понекаде и на пониските места а ќе започне да дува и југоисточен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Во текот на следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 л/м2) па токму поради ова можно е покачување на нивоата на реките и на езерата во Македонија.

Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.

Претходна статијаПолумента: Иако Карлеуша ме нaпаѓаше, јас ја поддржувам бидејќи е ќерка, мајка и жена
Следна статијаАко сте родени во хороскопски знак, предодредено ви е да бидете богати или славни