Огромно благодарам Министре Венко Филипче што ми го спаси детето

0

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче (Скопје, 1977), дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, специјализација по неврохирургија почнал во 2003 година а ја завршил во 2008 година. За асистент на Медицинскиот факултет во Скопје е избран во 2004 година, магистрирал во 2011 и докторирал во 2015. Оваа година е избран за доцент на Медицинскиот факултет.

Се усовршувал во неврохируршките центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих. Во 2012 година завршил фелоушип по интервентна неврорадиологија со што станал прв неврохирург во околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на Клиниката во Скопје.

Публикувал во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата. Секретар е на Македонското неврохирушко здружение и на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.

Бил покануван за предавач на конгреси организирани од различни асоцијации од областа на медицината и од неврохирургијата во Европа и во светот. Оженет и татко на еден син.

Инаку Филипче беше советник за здравство на премиерот Заев, а беше советник и на претходниот министер Никола Тодоров, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Јавноста го памети и како член на Професоркиот контра пленум, за што тој деновиве се правда дека не знаел што потпишува бидејќи специјализант наводно му подметнал на потпише листа во која станува збор за реформи во Медицинскиот факултет. Изборот на Филипче наиде на многу остри реакции во јавноста и меѓу граѓаните на социјалните мрежи.

Да бидеш политичар, но и да бидеш човек. Функциите најчесто ги “расипуваат” луѓето, моќта која ја дава позицијата, придонесува за надменост и недостиг на емпатија, но не е секогаш така.

Изминатава година во два наврати можевме да прочитиме јавна благодарност до Министерот за здравство Венко Филипче, кој несебично станал од министерската фотеља, облекол мантил и влегол во сала за да помогне на пациенти.

Последната јавна благодарност стигнува од Охрид, од Томислав Балабан:

“За министерот Венко Филипче и неговата фамилија. На денешен ден, ланската година министерот Венко Филипче ја напушти минисерската фотеља, го облече белиот мантил и наместо да се спрема за дочекот на Новата година, изврши компликована операција и го спаси животот на мојот син Емил Балабан и му го продолжи животот на моја радост и радоста на целата моја фамилија.

Ова се очекува од фамилијата Филипче, од Венко и другите доктори на фамилијата. На сите Филипчеви и на Венко Филипче им изразувам голема благодарност. Венко, Министре и професоре вечна благодарност и ви пожелувам се најубаво во Новата 2019 година.

Томислав Балабан”

Претходна статијаМногу важен обичај за плодност и среќа – Што се прави со бадниковите гранки по прaзниците
Следна статијаШабан Шаулиќ после 30 години проговори зошто носел периката