Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи.
Ова го напиша министерот Димитров по ратификувањето на Договорот од Преспа во Грција.
„Драги Алексис, Јорго и Никос,
Храброста и надежта го поразија стравот. Иднината е тука. Како што често вели Никос, историјата треба да биде учител, а не затвор. Јас сум толку горд со она што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи! Да живее визионерскиот патриотизам!“, напиша Димитров.
Со поддршка од 153 пратеници, Договорот од Преспа ја помина ратифиацијата во грчкиот Парламент.
По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Со прозивање, сите 300 пратеници гласаа „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос