Приказната за животот на Зејнеп од турската серија „Карасевда“ не е многу поразличен и во реалноста, барем кога станува збор за актерството.
Иако по професија е дипломиран биолог, таа случајно влегува во филмската индустрија во Турција.
Нејзиното име е Хазал Филиз Кучукосе и е родена во 1988 година, а неколку години по завршувањето на високото образование, еден филмски режисер случајно ја забележува на социјалните мрежи и и нуди да почне да учи глума.
По неколкумесечни актерски подготовки на курс, таа активно добива улоги во серии, од кои денес има снимено десетина.
Ја нарекуваат турската Кетрин Зета Џонс, а веруваме ќе се сложите во тоа откако ќе ги погледнете нејзините приватни фотографии на кои е доста поразлична од онаа Зејнеп која ја запознавме во серијата.
Младата турска актерка Хазал Филиз Кучукосе и нејзиниот сопруг Туан Тунали му ставија крај на 4 годишниот брак.
Иако изгледаа како среќна и храмонична двојка, тие во 2018 година решија да ги потпишат документите за развод.
Според изјавите на Туан, сега веќе поранешен сопруг на Хазал, коментираше дека актерката премногу „летнала во небото“ од слава, додека пак таа вели дека тој бил насилен.
Нивниот брак не успеа, а 30 годишната актерка која се прослави со улогата на Зејнеп од „Карасевда“ моментално е слободна.
Во изминатиот период таа е и доста активна на социјалните мрежи каде постојано објавува фотографии од јавни настани каде се појавува и од секојдневнието.