Не очекува голема промена со времето – сончеви денови па нов студен бран

0

Поларните температури кој ги имавме во изминатиот подолг период барем засега се зад нас а до новиот студен бран уживајте во повисоките температури на воздухот кој во следните денови ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, за време на викендот како и на почетокот на следната недела максималните днневни температури на воздухот понекаде ќе се искачат и над 10 степени но времето нема да биде баш стабилном анализира Славчо Поповски.

До петок останува претежно стабилно и сончево со мала локална облачност а потоа облачноста ќе се зголеми и ќе има локални но послаби врнежи и тоа од дожд на ниските места и снег на планините додека повремено услови за слаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од над 800, 900 м.н.в.

Позначителен пораст ќе бележат и минималните утрински и ноќни температури на воздухот кој во текот на следниот период само понекаде ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места истите ќе бидат околу нулата или малку над нулата.

Во петок и за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините, претежно во западните делови.

По одделни котлини ќе има појава на магла.

Снегот е сериозен сигнал за сите учесници во сообраќајот дека треба да размислуваат поинаку. Иако зимата е поблага, за разлика од поранешните, сепак сообраќајот на места се одвива отежнато.

Еве неколку совети и правила како правилно да возите по снег:

Гумите се задолжителен дел од опремата на автомобилот, но не се единствена неопходна раобта ако тргнете на пат по снег.

Добрите бришачи и течноста за миење на предното стакло која не замрзнува кога температурите се минус, се важни за прегледност во возењето. Внимавајте секогаш да имате доволно течност. Четката за чистење исто така спаѓа во списокот на работи кои мора да ги имате во себе.

Во секој случај пред возење задолжително исчистете го целиот снег од вашиот автомобил.

Активирањето на климата додека е вклучено греењето е најефикасно за да се исчистат стаклата. Сепак, за секој случај носете си сува и чиста крпа.

Рецепт за безбедно возење по снег – без брзање и без нагли движења

Снегот на патиштата бара од возачите да се прилагодат на новите услови во возењето, но и да го променат начинот на размилусвање. Златно правило е а не правите нагли движења и маневри. Важно е да не се движите брзо.

Секогаш држете безбедно растојание со другите возила.

Што кажува науката?

За возилото да се однесува како што очекувате, пресудно е добро да ги исчистите гумите.

Триењето меѓу гумите и асфалтот овозможува автомобилот да се движи, но во зимски услови, триењето е 10 пати намалено.

Претходна статијаПред нас е многу тежок празник: Денот кога небото се отвара, девојките пред спиење треба да го направат ова
Следна статијаОткриена голема тајна од КГБ- Путин учел да се движи од шпиуни, а поради ова десната рака ја држи до телото