И Цеца дојде пред црквата Свети Сава да го поздрави Путин ФОТО

0

Со 4 идентични авиони, неколку двојници и многу агенти, Рускиот претседател Владимир Путин, точно во 13 часот и 10 минути пристигна во официјална посета на Србија.

Прво се поздрави со неговиот домаќин Вучиќ, а потоа се упатија од аеродромот Никола Тесла кон Белград, каде беше пречекани од околу 70 000 граѓани, меѓу кои ќе има такви кои специјално за оваа прилика дојдоа од Ниш. Народот во текот на целиот ден беше транспортиран со автобуси во белград, а сето тоа наликуваше на организирам политички митинг…

Претседателите положија цвеќе пред споменикот на ослободителите, по што заминаа состанок во потесен состав, а потоа им се приклучија и делегациите, кои потпишаа бројни договори за соработка меѓу двете земји. По таа цероменија Путин го одлилуваше Вичиќ со орден, а српскиот претседател кој едвај го додржа солзите, со говор на руски јазик му се заблагодари на својот колега.

Околу 16 часот на плоштадот кај хотелот „Москва“ се собра голем број на граѓани од цела Србија, кои во знак на поддршка прошетаа до храмот на Свети Сава.

Пред црквата на Свети Сава пристигна колона од луѓе кои од центарот на Белград се упатија на собирот за поддршка на претседателот на Русија Владимир Путин, а граѓаните во голем број и понатаму доаѓаат на платото од сите околни улици.

Колумни на луѓе доаѓаат од Славија, каде што фонтаната свети во боите на српските и руските знамиња. Собраните ностат знаме на Србија и голем транспарент на кој пишува “Србија и Русија засекогаш пријатели” и слики на српскиот и рускиот претседател Александар Вучиќ и Владимир Путин како и транспарен на кој пишува “Секогаш со својот народ”.

Пред Храмот на Свети Сава, на видео бим се емитуваат снимки од денешната прес-конференција на која говореа Вучиќ и Путин.

Уличните продавачи со подвижни мини тезги го продаваат беџот со сликата на Владимир Путин за 150 динари и знамето на Србија за 200 динари.

Во колоната што дојде од Теразије има тапанари и автомобил со звуци од кои се емитува руска музика.

На улиците на Кнез Милош и Немањана, паркирани се голем број автобуси со регистрација од градови од цела Србија.

Кај храмот, измеѓу останатите, се појави и Светлана Цеца Ражњатовиќ, која дошла да го поздрави Путин.

Пејачката цело време се насмевнувала и ја поправала својата фризура, стрпливо чекајќи претседателот на Русија да се појави.

Претходна статијаУтре е Крстовден, направете го ова за да бидете здрави цела година
Следна статијаОва се родителите на Путин – Неверојатно многу личи на мајка му ФОТО