Ерол Ерко: Отворено писмо до ракометарот со број 5 – Дечко олади малку

0

Ракометниот репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ бидејќи добитниците Албанци се обраќале на албански јазик.

Стоилов во знак на револт ја напуштил манифестацијата. Тоа беше причина да е нападнат од повеќе албански новинари и политичари.

Статус на Ерол Ерко:

”Отворено писмо До ракометарот со број 5. Драг мој ракометару!! Зборот репрезентативец потекнува од зборот репрезент што во превод на нашки му доаѓа Преставник.

Тоа значи дека ти ракометару го репрезентираш односно преставуваш сите луѓе во твојата земја.

И тие што се за придавка во името ,и тие што не се. И тие што се за два службена јазика и тие што не се. И тие што се со твоја сексуална орјентација ама и тие што не се.

И тие во Свети Николе ама и тие во Дебар и Гостивар кои здушно навиваат не лично за тебе туку за дресот кој го носиш.

Затоа дечко олади малку со политичките истапи кои секако можеш да ги имаш ама дома со твоите најблиски а не додека си на репрезентативен турнир и ја преставуваш својата земја.

Олади малку затоа што не преставуваш и нас кои немаме твоја политичка орјентација која патем е ужасна погубна и без никаква перспектива ама тое си е твое не се мешам во тоа.

Смири ги хормоните затоа што преставуваш луѓе кои макар и со симболично купување реквизит учествувале во твоето спонзорирање и создавање како играч.

Го преставуваш и ромчето од Шутка кое сабајле го видов со навлечен твој дрес врз јакна шутраку ,не му го крши срцето и не го разочарувај туку дај му пример да се осети и тој дел од опшеството.

Чичко Абаз Арсланагиќ на моја 13-14 годишна возраст на прва прозивка на тогашна репрезентација кажа една реченица која за жал тебе немало кој да ти ја каже:

– Овде кад обучете овај дрес ти престајеш да будеш ти него постајеш Југославија односно во твојот случај Македонија.

Затоа не ми го згадувај дресот кој го носиш . Поради такви како тебе прерано го напуштив спортот ,поради такви како тебе престанав да посетувам натпревари на клуб кој во душа го носев.

Затоа го пишувам ова за да не ме згадиш да престанам да си навивам за сопствената репрезентација. Затоа во иднина се додека не го сватиш овој текст ти за мене ќе бидеш само
Ракометарот со број 5.

Бактериската инфекција која ја шириш во репрезентацијата има страшни последици имбицилу има и тоа опасна а таа звучи, Спортистите не смеат да бидат презентери на политичките партии бактеријо една.

На што ли ќе личи тоа ако секоја партија почне да промовира политички ставови преку спортисти. Спортот обединува не разединува. Ви благодарам на вниманието!”

Претходна статијаКонечно среќна: Се мажи Ана Севиќ – ова е нејзиниот избраник ФОТО
Следна статијаСоседите открија како мајката на Душко Тошиќ ги поднесува гласините за афера на снаата