Дека Германија не мисли само на своите граѓани, туку и на сите оние кои имаат желба да дојдат, работат, живеат и уживаат во убавината на нивниот начин на живот, е докажано повеќе пати.
Најнов доказ за тоа се и олеснувањата кои стапија на сила од 1-ви јануари оваа година за вработување на „NON-EU“ граѓани во Германија.
Имено, Германците знаат дека основен проблем е да се пронајде работодавач, како за нивните граѓани, така и за странците кои сакаат да работат кај нив.
Во Германија веќе неколку години вообичаена форма за барање работа е од удобноста на својот дом: Преку интернет и „online“ пријава.
Ако сте стоматолог, тогаш можете да очекувате добра заработка во Германија, или 117.000 евра годишно.
Лекарите можат да заработат 78.000, а менаџерите на финансиските фондови, 75.700 евра за година.
Околу 19.000 евра годишно заработуваат собарките, а за работа во угостителство месечно нудат по 1.000 евра.
21.000 евра земаат фризерите, 22.000 келнерите, 24.000 евра во кол центар.
Рецепционерите исто годишно добиваат 24.000 евра.
Посебно популарна професија е возач на камион, која за разлика од другите може да донесе заработувачка која варира од 26.000 до 30.000 евра годишно, во зависност од компанијата и релациите на кои би возеле.
Од вкупно 32,7 милиони работници во Германија, вкупно 3,6 милиони работници работат легално без притоа да поседуваат германско државјанство. Од нив 2 милиони доаѓаат од земјите од Европската унија, додека останатите се од земјите надвор од неа.