Доаѓа циклонот Марко: Не очекуваат поинтензивни врнежи од дожд и од снег

0

Од оваа ноќ јужните предели на Европскиот Континент вклучувајќи го и Балканот ќе потпаднат под влијание на силниот циклон Марко кој се развива некаде над Италија и во следните денови ќе услови значително поврнежливо време над овој дел од Европа, врнежите локално ќе бидат и изибилни па понекаде низ земјите од регионот можни се поплавувања.

Снежни врнежи понекаде ќе има и во пониските предели низ регионот па затоа доколку патувате бидете крајно претпазливи, најавува Славчо Попоски.

Во Македонија уште од оваа ноќ локално ќе има послаби врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, услови за послаби врнежи од дожд и од снег или пак влажен снег ќе има понекаде и на пониските места.

И утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини, и со повремени локални врнежи од дожд и снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово, 2 во Маврово, 5 во Скопје, 6 во Охрод до 8 степени во Дојран.

Во наредните денови се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд на пониските места и снег на повисоките места и планините. Во втората половина од неделата врнежите се очекува да бидат пообилни.

Од утре, па во следните денови под влијание на изразениот циклон Марко ќе има почести врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни, на ниските места ќе врне дожд додека на повисоките и планинските места ќе има врнежи од снег со што снежната покривка ќе се зголемува.

Ветерот ќе го промени правецот во северен од четврток и ќе биде засилен во петок со што од север ќе се спушта постуден воздух а врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Во следните неколку денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени додека на југоисток понекаде истите е можно да се искачат малку над 10 степени.

Претходна статијаКарлеуша мора да се откаже од Ѕвездите на Гранд и да се пресели во Кина – Услов од Душко Тошиќ
Следна статијаШто навистина се случувало на роденденот на Душко – Јелена Карлеуша веднаш сфатила што ја очекува