Доаѓа нова тура снежни врнежи и силен студен ветер – промена со температурите

0

Денес ќе имаме претежно стабилно и суво време но ќе биде многу студено, минималните температури понекаде повторно ќе се спуштат и под -15 степени додека максималните на повеќе места ќе бидат околу па и под нулата.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерна облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, најизразен во долниот тек на Поварадарието.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус шест, а дневната од минус пет до три степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 10, а дневната ќе достигне до минус два степена.

За време на викендот ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините, особено во недела. Во недела попладне облачноста ќе се зголемува, а во понеделник во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Под влијание на нов влажен бран во понеделник ќе имаме нови врнежи од снег со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, сепак накратно на некои од пониските места ќе има услови за врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Во вторник пак ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец а многу ниските температури ќе продолжат и следната недела.

Претходна статијаЕден знак ќе донесе одлука поради која може да има многу проблеми – Викенд хороскоп
Следна статијаВо недела е Стара нова година, внимавајте ова е задолжително