(ВИДЕО) Тијана раскажува – што се случува на Бродот кога никој од туристите не гледа

Она што се случува на морето кога никој од туристите не гледа ги шокираше читателите на сајтот „Reddit“, кој покрена дискусија за животот и работата на крузерите. Многу се.с меѓу екипажот и многу старци кои умираат на патувањата, се нешто што патниците не знаат, тврдат главно поранешните вработени на крузерите.

Некои ги споменаа и лошите услови во кои екипажот живее, а еден признава дека во кабината имало неколку, па морале да прават распоред за се.с. Многу од нив наведуваат дека токму малиот простор е “кривец“ за интимностите кои се случуваат меѓу екипажот.

-Сите имаат се.с еден со друг, цело време. Постојат бесплатни кондоми во главната просторија, но половите болести сепак зачестија. Искрено не ме чуди како сите толку имаат се.с кога сите делат соба.

-Но поголемиот број од работниците се на бродот осум месеци годишно, па сепак некако треба да се ослободат од тензијата и стресот, коментираше еден од вработените на крузерот.

Уште една причина е и што околу 20 луѓе, колку што најчесто брои екипажот, за долгото време на бродот добро се запознава. Дадава и дека постарите патници на бродот многу почесто отколку што луѓето мислат умираат, тврди еден поранешен работник.

-Еднаш ме прошетаа низ крузерот и ми ја покажаа мртовечницата. Имаа и одделни интензивни неги, па дури и хеликоптери, како би можеле работниците да ги однесат во болница ако некој се разболи, напиша друг. Работниците наведоа и интерен детал околу однесувањето на гостите.

-Луѓето навистина се фрлаат во тоалетот. Би се изненадиле. Витлери, блузи, чевли… Се што не сакаат да спакуваат со себе кога заминуваат од бродот, вели тој.

Поврзани вести